Средба Обама - Порошенко во Варшава

Американскиот претседател Барак Обамасе сретна приватно со новоизбраниот претседател на Украина, Петро Порошенко.

Средбата во Варшава доаѓа еден ден откако Обама вети дека ќе потроши милијарда долари за да испрати поголем број американски трупи во Европа. НАТО ја обвини Русија дека стои зад бунтот во источна Украина, обвинение кое Москва го негира, иако вели дека има право да ги штити руските интереси во регионот.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен објави дека воената алијанса наскоро ќе го финализира пакетот во насока на модернизирање и реформирање на вооружените сили на Украина.

На истиот состанок на НАТО во Брисел, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел повика НАТО сојузниците да ги подигнат нивните буџети за одбрана поради кризата во Украина.