Филе во Тирана ќе го донесе извештајот за статусот

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, денеска ќе допатува во Тирана за да го донесе извештајот за статусот на Албанија, за што одлука треба да се донесе кон крајот на овој месец.
Филе се очекува да препорача доделување кандидатски статус за Албанија, но се официјално ќе се дознае денеска. За време на престојот во Тирана, комесарот Филе ќе има средби со членови на владата, претстаници на опозицијата и граѓанскиот сектор. Филе во Албанија престојуваше на шести март кога побара да се продолжи со реформите и упати апел до страните да покажат дух на компромис за реформите кои се бараат.
Пред хотелот каде што престојуваше Филе мирен протест одржа поголема група поранешни вработени во државната и јавна амдинистрација, кои го обвинија премиерот Рама дека се истерани за да вработи свои партиски војници.
Сега пред владата Филе ќе ги види поставени шатори во кои со денови штрајкуваат административците и поранешните политички затвореници.