Филе побара „вистински“ реформи од кандидатите за ЕУ

Земјите кандидатки за членство во ЕУ треба да ја докажат својата посветеност со „сигурни реформи“, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Преговорите не се состојат само од штиклирање на обврските, туку треба да се дадат докази, изјави Филе по конференцијата на која учествуваа и земјите од Западен Балкан во Виена.