Во петок во Франција средба Путин - Меркел


Рускиот претседател Владимир Путин во петок во Франција ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, за време на одбележувањето на Денот Д од Втората светска војна. Ова денеска го соопшти путиновиот советник за надворешна политика Јури Ушаков. Претходно беше најавено дека се предвидени средби на Путин и со претседателот на Франција Франсоа Оланд и британскиот премиер Дејвид Камерон. Не е предвидена средба на Путин со американскиот претседател Барак Обама.