Јужна Осетија најавува припојување кон Русија

Де факто претседателот на отцепениот грузијски регион Јужна Осетија, Леонид Тибилов, изјави дека не ја исклучува можноста од припојување кон Руската федерација. Тој додаде дека кога ќе дојде време, Јужна Осетија ќе се спои со Северна, која е дел од Русија. Јужна Осетија, заедно со Абхазија, прогласи независност од Грузија во 2008-ма година, по кратката руско – грузијска војна. Овие отцепени региони на Грузија се признаени само од Русија.