Претседателските избори во Сирија - пародија на демократијата

Дамаск, 03.06.2014

Денеска во Сирија се одржуваат претседателски избори, на кои е извесна победата на Башар ал Асад, а кои критичарите на режимот ги отфрлија како фарса. Државната телевизија прикажа снимки како гласа Асад заедно со сопругата Асма. Ова се први избори во Сирија во последните речиси 50 години, на кои на гласачкото ливче има повеќе од едно име. Досега Асад и неговиот татко Хафез ги обновуваа своите мандати на референдуми. Гласањето ќе се одржи само во областите кои се под контрола на армијата, а набљудувачите се од земјите сојузнички на режимот- Северна Кореја, Иран и Русија. САД ги оценија овие избори како пародија на демократијата.