Обама: Вашингтон е посветен на безбедноста во источна и централна Европа

Варшава, 03.06.2014

Американскиот претседател Барак Обама, во Варшава изјави дека определбата на Вашингтон за безбедноста на Полска и на другите сојузници во централна и источна Европа, е клучна и за безбедноста на Соединетите Држави. Со посетата на Варшава, Обама ја започна 4-дневната посета на Европа, при што ќе престојува и во Белгија и Франција. Во Варшава, Обама покрај денешните разговори со полскиот претседател Бронислав Коморовски и премиерот Доналд Туск, утре ќе се состане и со лидерите на земјите од централна Европа, кои во Варшава ќе ја одбележат 25 годишнината од првите пост-комунистички избори во Полска. Во Варшава ќе допатува и новиот претседател на Украина, Петро Порошенко.