Состанок на НАТО за постојани сили во источна Европа

Министрите за одбрана на 28 земји членки на НАТО денеска и утре во Брисел ќе разговараат дали да стационираат постојани сили во источните земји на овој блок, како одговор на руските акции во Украина, соопшти висок претставник на Алијансата. Тие ќе го ревидираат договорот со Русија од 1997, според кој НАТО се воздржува од "дополнително перманентно стационирање на значителни борбени сили“.
Неколку земји од поранешниот Советски Сојуз, а сега членки на Алијансата, изразија загриженост по руската анексија на Крим во март годинава.
Каква било одлука за разместување на сили најверојатно ќе биде донесена на самитот на лидерите на НАТО закажан за септември во Велс, истакна претставникот.