Претседателски избори во Сирија

Денеска во Сирија се одржуваат претседателски избори, на кои е повеќе од извесна победата на Башар ал Асад, а кои критичарите на режимот ги отфрлија како фарса. Ова се први избори во Сирија во последните речиси 50 години, на кои на гласачкото ливче има повеќе од едно име. Досега Асад и неговиот татко Хафез ги обновуваа своите мандати на референдуми. Двајца виртуелни и непознати противници се во трка против Асад- Махер ал Хаџад и Хасан ал Нури.
Гласањето ќе се одржи само во областите кои се под контрола на армијата, а набљудувачите се од земјите сојузнички на режимот- Северна Кореја, Иран и Русија.
САД ги нарекоа овие избори „пародија на демократијата“.
Во тригодишната граѓанска војна во Сирија загинаа повеќе од 160 илјади луѓе, а раселени се неколку милиони.