Времето претпладне сонце, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има врнежи од дожд најпрво во јужните делови, а потоа ќе се прошируваат и кон север. Се очекува врнежите да бидат пообилни во ноќните часови и тоа во јужните и источните делови.
Утринската температура се движи од шест до 13, а дневната ќе биде од 20 до 25 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста која во ноќните часови ќе има услови за врнежи од дожд.
Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Утре наместа ќе има и појава на грмежи, а потоа до петок времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.