НАТО и Русија со фундаментални разлики за кризата во Украина

Александр Грушко

Рускиот пратеник во НАТО, Александр Грушко, ја обвини Алијансата дека ја охрабрува употребата на сила од страна на украинската влада во источна Украина и оти ги поткопува напорите за наоѓање мирно решение за кризата. Грушко денеска имаше средба со амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел. Руските агенции го цитираат Грушко, кој рекол дека активностите на НАТО во близина на границата со Русија дополнително ги зголемуваат тензиите и ги нарушуваат постоечките безбедносни договори.
Инаку, претставник на НАТО, по денешниот состанок со Русија, изјави дека ставовите на двете страни во врска со кризата во Украина и натаму се фундаментално различни.