Десетици загинати во бомбашки напад во Нигерија

Десетици луѓе загинале во експлозија на бомба во градот Јола, на североистокот на Нигерија, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на локалните власти. Се верува дека нападот го извеле припадници на нигеријската исламистичка група Боко Харам. Бомбата била фрлена по еден фудбалски натпревар во близина на училиште петнаесет минути пред полицискиот час во државата Адамава, една од трите нигериски држави во кои пред една година е воведена вонредна состојба во рамките на борбата против Боко Харам. Оваа терористичка група скоро два месеца во заробеништво држи 272 нигеријски девојчиња.