Контингент на АРМ на вежба „Брз лав 14“ во Белгија

Контингент на Армијата на Македонија, кој е дел од борбената група на ЕУ за втората половина на оваа година, од денеска до 13 јуни во Белгија, ќе учествува на вежбата „Брз лав 14“. Според прес-службата на АРМ, декларираната единица на АРМ е дел од борбената група на ЕУ која е предводена од Вооружените сили на Кралството Белгија, а во која со свои сили учествуваат и армиите на Холандија, Луксембург, Шпанија и Германија. На вежбата „Брз Лав“, првпат ќе се оценува оперативната способност на една борбена група, декларирана во рамките на ЕУ, а учеството на АРМ претставува потврда на интероперабилноста со армиите на земјите-членки на ЕУ и НАТО.