Нова држава во јужна Индија

Индиската држава Андра Прадеш и формално се раздели на две и северниот дел стана нова држава наречена Телангана.
Потегот доаѓа по деценија долгите протести на граѓаните на сега новата држава кои велеа дека се чувствувале заборавени. Името Телангана официјално влезе во употреба денеска и со тоа оваа земја стана 29 држава во Индија.
Горниот дом ја потврди одлуката за формирање на нова држава во февруари годинава.