Дождливо време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладнево и со слаб локален дожд. Ќе дува и до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 26 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температурата до 24 степени.