Уапсен осомничен за нападот во Еврејскиот музеј во Брисел

Илустрација.

Француската полиција уапсила осомничен за нападот во Еврејскиот музеј во Брисел минатата недела во кој беа убиени четворица луѓе. Новинската агенција Франс прес, повикувајќи се на извори во истрагата, објави дека осомничениот 29-годишен француски државјанин бил уапсен во Марсеј. Според наводите, осомничениот Мехди Немуче носел автоматска пушка Калашников и пиштол со муниција во својот багаж, кога бил уапсен на железничката станица во Марсеј. Тој бил уапсен во автобус што доаѓал од Амстердам преку Брисел. Во нападот на 24 мај беше убиена израелска двојка, една Французинка и Белгиец – вработен во музејот.