Московската полиција уапси активисти за геј-права

Полицијата во Москва притвори две жени кога мала група активисти за правата на хомосексуалците се обидоа да одржат митинг посветен на Кончита Вурст, австриската „жена со брада“, која победи на годинашното издание на Евровизија. Полицијата набрзо го разби денешниот недозволен собир во близина на канцеларијата на градоначалникот и уапси две жени кои носеа знаме со боите на виножитото, симбол на геј-движењето. Руските власти го криминализираа ширењето хомосексуална „пропаганда“ кај малолетниците. И покрај тоа што хомосексуалноста не е нелегална, има зголемување на анти-геј расположението во Русија.