Кадиров - не сум испратил чеченски борци во источна Украина

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров негира дека испратил чеченски борци како поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина, но вели дека некои од нив можеби отишле доброволно. Во интервју што денеска беше објавено на руската телевизија, Кадиров вели дека препознал некои од борците на фотографиите од Украина.

„Ние не сме ги испратиле, тие апсолутно не се наши вработени“, рече тој и додаде дека во Украина има 14 борци од Чеченија.

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази загриженост поради информациите дека странски борци, вклучително и Чеченци, влегуваат од Русија во Украина. Чеченскиот лидер, кој има поддршка од Москва, не ја отфрли можноста да испрати чеченски борци во Украина, ако рускиот претседател Владимир Путин му го нареди тоа поради заштита на роскојазичното малцинство во Украина.