Кривична пријава против седум малолетници за нередите во Ѓорче Петров

СВР Скопје, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство - Скопје против седум малолетни лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“ за време на нередите во Ѓорче Петров од 20 мај.

Како што соопштува МВР, идентификацијата на лицата е извршена врз основа на претходно обезбедените снимки од разни извори, а со цел расчистување и документирање на инцидентите и нарушувањата на јавниот ред и мир при протестите во Ѓорче Петров. Тие, според полицијата, фрлање камења кон полицијата при што повредиле 10 полициските службеници. Во пријавата се наведува дека пријавените. Полицијата соопштува дека и понатаму се работи на прибирање сознанија и за други учесници, сторители на кривично правни настани.