Десетици загинати во борбите меѓу пакистанските сили и милитантите

Илустрација.

Пакистански воени претставници соопштија дека 14 милитанти биле убиени во судирите во племенските области во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан. Според властите, до судирите дошло кога милитантите изутрината нападнале воен пункт, при што убиле еден, а раниле двајца војници. Армијата, поддржана со хеликоптери, возвратила на нападот, а престрелките траеле неколку часа. Овие тврдења не може да се потврдат од независни извори.