Меркел го подржува Јункер за нов претседател на Европската Комисија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му даде подршка на поранешниот шеф на дипломатијата на Луксембург, Жан Клод Јункер за нов претседател на Европската Комисија. Во обраќање во Регенсбург, Меркел образложи дека тоа се должи на фактот што централно – десничарските партии се покажаа како најсилни на изборите за Европскиот парламент и затоа Јункер би требало да дојде на чело на Европската Комисија.