Бугарската влада преживеа и четврто гласање за доверба

Пламен Орешарски

Бугарската влада на левиот центар на премиерот Пламен Орешарски денеска го преживеа и четвртото гласање за доверба откако го почна мандатот пред една година. Опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија која на изборите за европскиот парламент освои најмногу гласови ја обвини владата дека води лоша политика во енергетскиот сектор.