Загубен контакт со уште еден тим на ОБСЕ во Украина

ОБСЕ соопшти дека загуби контакт со уште еден тим посматрачи во источна Украина која е под контрола на проруските сепаратисти. Организацијата прецизира дека тимот бил стационаиран во Луганск. Со првиот тим посматарчи кој бил стациониран во Доњецк контактот бил загубен на 26 овој месец. ОБСЕ досега не ги потврди наводите на Алексеј Чмиленко, лидер на саморогласената Народна Република Луганск кој денеска изјави дека посматрачите биле пуштени откако им биле проверени документите.