Во Шпанија уапсени исламски милитанти

Шпанската полиција уапсила шест исламски милитанти под сомневање дека регрутирале борци и ги испраќале да им се приклучат на терористички организации во Либија и Мали. Шпанската влада изрази загриженост дека исламските борци би можело да се вратат во Шпанија од Сирија и од другите конфликтни зони и да претставуваат опасност за безбедноста на земјата.