Десетици повредени во земјотрес во Кина

Триесетина луѓе биле повредени во земјотресот што денеска ја погоди провинцијата Јунан, во југозападниот дел на Кина. Земјотресот бил со сила од 6,1 степен и се почувствувал на целата територија на таа провинција. Некои градови останале без електрична енергија. Јунан и во минатата недела беше погоден од земјотрес во кој беа повредени 13 луѓе.