Македонија на 29 место за инвестирање во светот

Македонија е оценета како 29 најповолна дестинација за странски инвестиции во светот, во новата листа на американското списание Форин Полиси. Македонија бележи напредок од 5 места во однос на ланската анализа на ова списание. Индексот ги оценува државите според осум категории: предвидениот економски раст, финансиската стабилност, општата безбедност на земјата, нивото на корупција, опасноста од одземање на имотот од страна на државата, експлоатација од локалните партнери, контрола врз текот на капиталот и валутната стапка. Форин Полиси објави мапа во која Македонија и Бугарија се водечки дестинации за странски инвестиции на Балканот, додека Грција која е пласирана на 101 место, е една од најлошите дестинации во регионот. Романија е на 48 место, Србија на 55 место, Словенија е 74, а Турција, поради политичката криза, падна на 79 место.