ЕУ, Украина и Русија на средба за спорот со гасот

Претставници на ЕУ, Русија и Украина ќе се сретнат во Берлин на 30 мај со цел да се обидат да го решат спорот со гасот меѓу Москва и Киев. Рускиот гигант Газпром соопшти дека долгот на Украина ќе ја достигне цифрата од 5,2 милијарди долaри до 7 јуни, а крајниот рок за негова наплата е 2 јуни.
Рускиот министер за енергија Александар Новак изјави дека Украина до 30 мај мора да плати барем две милијарди долари или ќе се соочи со недостиг од гас.