НСА обајви мејл на Едвард Сноуден

Едвард Сноуден

Американската национална агенција за безбедност соопшти дека пронашла само еден мејл од поранешниот разузнавач Едвард Сноуден во кој изразува загриженост за тоа како НСА ги интерпретира своите законски овластувања. Во мејлот не се спомнува набљудувањето на американските државјани преку програмата која Сноуден подоцна ја откри. Мејлот потекнува од 5 април минатата година, еден месец пред Сноуден за прв пат анонимно да контактира со новинарите.