Бремена жена каменувана до смрт во Пакистан

Каменуваната жена во Лахоре

Пакистанската полиција трага по лицата кои каменувале до смрт бремена жена бидејки се омажила без дозвола на нејзиното семејство. 25 годишната Фарзана Парвин и нејзиниот сопруг биле нападнати од десетина луѓе, вклучувајки и нивни роднини, пред судот во Лахоре. Нејзиниот сопруг изјави дека полицијата била во близина, но не реагирала и не го запрела каменувањето.
Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Нави Пилај, ја повика пакистанската влада да превземе итни мерки за забрана на така-наречените убиства од чест.