Про-руски сепаратисти држат во заложништво 4-ца посматрачи на ОБСЕ

Самопрогласениот сепаратистички градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, изјави дека 4-цата посматрачи на ОБСЕ, кои изчезнаа на 26-ти овој месец, се задржани од про-руските бунтовници. Тој додаде дека сите се добри, а биле задржани поради преголема љубопитност. Во вчерашната изјава, шефот на ОБСЕ оцени дека задржувањето на посматрачите е акт на саботажа и не може да се толерира, истовремено повикувајки на нивно итно и безусловно ослободување.