Нови борби во текот на ноќта во источна Украина

Националната гарда на Украина објави дека претрпеле загуби, но, исто така, дека се убиени бунтовници, кога про-руските сепаратисти извршиле упад во нивните касарни во Луханск синоќа. Насилството се случи откако новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко вети дека ќе разговара за кризата со рускиот претседател Владимир Путин следната недела во Франција.
Во меѓувреме, руски и украински дипломати упатуваат критики за насилството во источниот дел на Украина. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека Советот за безбедност треба да побара од Украина да се стави крај на воениот хаос. Украинскиот амбасадор во ОН, Јуриј Сергеев пак рече дека Советот за безбедност треба да бара од Русија да ги повлече сите свои војници од украинската територија. Во украинскиот град Доњецк изутрината е мирно откако вчера десетици про-руски сепаратисти загинаа во борбите со украинските сили.