Времето денеска- облачно,во ноќните часови пообилен дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои во јужните делови ќе бидат проследени со грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови, кога се очекува за 12 часа локално да наврнат над 20 литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 25 степени.