Во БиХ 80 илјади раселени поради поплавите

Во поплавите во БиХ се уништени 7.500 куќи, а 80.000 лица се раселени.
Во поплавите, што ја зафатија Босна и Херцеговина, се уништени 7.500 домови, а 80.000 лица се принудно раселени, покажуваат прелиминарните анализи на босанското Министерство за бегалци и иселеници.

Околу 7.500 семејства не можат да се вратат во своите домови, додека моментално 2.500 лице се наоѓаат во колективни центри.

Босна бара решавањето на проблемите на луѓето што се останати без домови да биде меѓу најважните прашања на конференциите за донации, посветени на обновувањето на БиХ.