Јахјага: Оружените сили треба да придонесат за безбедноста

Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека оружените сили на Косово треба да бидат придонес кон колективната безбедност на Балканот и оти во нив треба да учествуваат сите етнички заедници.

Таа, во синоќешното обраќање пред Советот за безбедност, изјави дека станува збор за „лесни воени сили“, чие создавање е долг процес и кој бара поддршка и учество на сите етнички заедници во Косово.

Истовремено таа потсети дека 15 насто од припадниците на косовската полиција се составени од претставници на малцинствата, а девет проценти во косовските безбедносни сили.