Дали грчките полицајци масовно гласале за „Златна зора“

.

Грчката полиција ги отфрли тврдењата дека припадниците на силите на редот гласале масовно за крајно - десничарската партија „Златна зора“ на европските и локални избори во земјата.

Претставници на полицијата ги опишаа како „несигурни и сомнителни“ оценките врз основа на кои се прават заклучоците дека униформирани лица гласале за националистите од „Златна зора“ и дека процентот на гласови за партијата бил исклучително висок во места на кои гласале тие.

Грчките медиуми објавија репортажи во врска со изборите во земјата, во кои се тврдеше дека над 50 проценти од грчките полицајци гласале за „Златна зора“ и дека партијата регистрирала два пати повисок резултат на избирачките места, кои се користат од страна на грчките полицајци на служба во Атина.