Протести на стадионот во Бразилија

Специјалната полиција се судри со демонстрантите на стадионот за Светското фудбалско првенство во бразилската метропола. Полицијата употребила солзавец, откако демонстрантите против Светското првенство во фудбал се обиделе да влезат на стадионот во Бразилија, каде пехарот за победникот на претстојното првенство беше јавно изложен.
Протестот на повеќе од 1.000 луѓе предизвика сообраќаен метеж околу националниот стадион, кој е најскапиот стадион изграден поради големиот спортски настан кој започнува за 16 дена.