ЕУ понуди финансиска помош за Србија

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека блокот од 28 земји ќе испрати помош за поплавите подрачја во брзо, но дека се чека Белград да поднесе извештај за направената штета пред да може да се потпише помошта.
-Сега тоа е до властите на Србија да направат проценка на штетата, а, апликацијата ќе биде обработена брзо, изјави Баросо по состанокот на шефови на држави нa ЕУ вчера во Брисел. Баросо рече дека ЕУ ќе понуди пакет помош за Србија, која не е членка на ЕУ, од Фондот за солидарност на Европската унија. Лидерите на земјите од ЕУ разговараа за "катастрофалните поплави на Балканот", коишто принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и убија десетици луѓе во Босна и Херцеговина, а повеќе од десетина во Србија.