Европските лидери бараат преиспитување на политиките на Унијата

Лидерите на Европската унија се согласија да ги преиспитаат приоритетите на политиката по изборите за Европскиот парламент откако екстремистичките партии направија значителен успех на изборите. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, изјави дека гласачите испратиле силна порака. Тој додаде дека сега кога Европа излегува од економската криза, има потреба од спроведување на агендата на раст, работни места и конкурентноста. Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека Европа мора да извлече поука од изборите во сопствената земја, во која речиси еден од четири француски гласачи гласаат за екстремно десничарската партија Национален фронт. Низ цела Европа, екстремистичките партии на левицата и десницата постигнаа големи добивки на неодамнешните избори, односно резултат кој според аналитичарите се должи на јавениот гнев кон Брисел околу штедењето, масовна невработеност и имиграцијата.