Попоски - владата е посветена на ЕУ и НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ја реафирмираше готвеноста на Република Македонија за почнување на преговори за пристапување во ЕУ и за членство во НАТО.

Тој на денешниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на Унијата и на НАТО рекол дека владата посветено продолжува да работи на реформите во правосудството и борбата против корупцијата, соопшти МНР.

За почитувањето на слободата на медиумите, Попоски, се наведува, истакнал дека Владата осудува секаков говор на омраза, навреда и клевета без разлика од која страна се изречени и на кој се однесуваат.