Лустриран поранешен уредник во Македонско радио

Томе Аџиев

Пензиониран поранешен уредник во Македонското радио е прогласен за соработник на тајните служби, потврди за МИА претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев.

Лустрираниот уредник, според Комисијата, од идеолошко-политички причини ги кодошел неговите колеги новинари.

Аџиев појасни дека за три дена на веб-страницата на Лустрациската комисија ќе биде објавено решението дека уредникот е прогласен за соработник.