Путин бара прекин на украинската воена операција

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара итен прекин на, како што ја нарече, казнената операција на украинската влада на истокот на земјата. Ова тој го изјави откако десетици проруски сепаратисти биле убиени во вчерашните жестоки борби со владините сили во Доњецк. Претходно и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара прекин на украинската воена акција во Доњецк.