Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе ја разгледа ситуацијата на Косово на седница на која ќе учествуваат и претседателите на Србија на Косово Томислав Николиќ и Атифете Јахјага. Советот треба да го разгледа најновиот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун во кој се инсистира на натамошно доследно применување на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина.