Кина спроведува „анти-терористичка“ операција во Ксинџијанг

Кинеската полиција растурила терористичка банда во проблематичниот западен регион Ксинџијанг, соопштија кинеските државни медиуми. Тие објавија дека биле приведени петмина осомничени за тероризам, а запленети се и 1,8 тони на материјали кои може да се користат за изработка на бомби.

Пред три дена кинеската полиција исто така уапси повеќе од 200 осомничени за тероризам и за верски екстремизам.

Кина најави едногодиша „анти-терористичка“ операција во Ксинџијанг, регион каде живее ујгурското малцинство, по серијата крвави инциденти за кои Пекинг ги обвинува исламисти и сепаратисти од регионот.