Оланд - Европската унија да го промени фокусот

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја повика Европската унија да го промени фокусот и да ја намали својата улога.

Оланд синоќа имаше телевизиското обраќање, еден ден по евоизборите на кои францускиот Национален фронт на Марин Ле Пен, која има анти ЕУ политика, победи на изборите за Европскиот парламент.

Социјалистичката партија на Оланд освои 13,98 отсто од гласовите, што е најлош изборен резултат до сега на евроизборите.

Низ цела Европа, најголем добитник се екстремните партии на левицата и десницата, благодарејќи на јавниот гнев кон Брисел предизвикан со политиките за штедење, масовна невработеност и имиграцијата.

Оланд рече дека ЕУ стана „оддалечена и неразбирлива“ за многу од нејзините граѓани.

Францускиот претседател рече дека ќе им пренесе на лидерите на ЕУ во Брисел дека тие мора да се фокусираат на развој, работни места и инвестиции, а не на штедење.