Прорускиот лидер Пушлин бара помош од Путин

Денис Пушилин

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк Денис Пушилин денеска изјави дека поради последните напади на украинските сили врз аеродромот во Доњецк бил принуден лично да се пожали кај рускиот претседател Владимир Путин. „Доњецк и неговите предградија во најскоро време можат да се најдат на работ на хуманитарна катастрофа“, изјави Пушилин. Најмалку два украински хеликоптера била вклучени во денешните напади врз меѓународниот терминал на аеродромот во Доњецк кој е под контрола на проруските бунтовници.