Бугарската опозиција бара предвремени избори

Бојко Борисов

Најголемата бугарска опозициска партија денеска побара предвремени парламентарни избори, бидејќи освои најголем број места на изборите за Европскиот парламент. Лидерот на партијата на десниот центар Граѓани за европски развој, експремиерот Бојко Борисов изјави дека коалицијата, предводена од социјалистите, ја нема поддршката на јавноста и оти мора да распише предвремени избори. Владата на социјалистите и партијата на турското малцинство во минатиот мај го почна четиригодишниот мандат предводена од непартискиот премиер Пламен Орешарски.