ЕУ подготвена да соработува со Порошенко

Петро Порошенко

Европската унија денеска изрази подготвеност за тесна соработка со идниот украински претседател Петро Порошенко кој победи на вчерашните избори. Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија Херман Ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо оценија дака успехот на украинските избори претставува голема етапа за смирување на тензиите и за враќање на безбедноста во Украина. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ја изрази подготвеноста на Москва за прагматичен и рамноправен дијалог со новите власти во Киев.