СИРИЗА бара предвремени избори во Грција

Алексис Ципрас

Главната грчка опозициска партија, Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА денеска официјално побара предвремени парламентарни избори во Грција, откако победи на вчерашното гласање за членови на Европскиот парламент. СИРИЗА соопшти дека конзервативната Влада на земјата веќе нема легитимитет да ги применува реформите, поврзани со меѓународните кредитни договори. Лидерот на партијата Алексис Ципрас денеска го посети претседателот Каролос Папуљас за да му ја упати молбата за „воспоставување демократски ред во земјата“. Владата на Андонис Самарас, која е на средина од својот четиригодишен мандат, вчера ја исклучи можноста за предвремени избори.