Собранието усвои повеќе предлог - одлуки

Собранието на Република Македонија на денешната трета седница ја усвои Предлог-одлуката за утврдување на тројца потпретседатели на Парламентот.

Пратениците ги усвоија и предлог-одлуките за основање постојани работни тела на Собранието, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.

Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1. СДСМ освои 34 пратенички места, но одлучи да не учествува во работата на Собранието.

На денешната седница Собранието констатираше дека на Руфи Османи од НДП му прекинува мандатот.