Операција на турската полиција во Истамбул

arhiva

Турски медиуми јавија за полициски акции во најмалку три истанбулски квартови, при што се уапсени најмалку 15 лица.

Анадолија јави дека во акциите учествувале специјални единици и хеликоптер, а во операцијата се запленети и молотови коктели.

Минатата седмица млади фрлаа молотови коктели и камења врз полициски органи, додека протестираа против смртта на загинатите рудари во рудникот Сома.